Неверојатна ситуација се случи на натпреварот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена ѕвезда. Поради голема грешка на судиите и записничката маса, центарот на Реал, Валтер Таварес, играл со пет лични грешки.
Станува збор за груба грешка на записничката маса, кога еден фаул му е припишан на Џанан Муса во втората четвртина наместо на Валтер Таварес, кога центарот од Зеленортските Острови поради неправилна блокада заработи лична грешка.
Реал Мадрид убедливо го доби дуелот со Црвена ѕвезда (95-72) и се чини дека овој момент не е пресуден за вистинската разлика во квалитетот, но секако е огромна грешка на судиите, посебно за натпревар од рангот на Евролигата.