Скандал во Франција: Истурена киселина на теренот на најголемиот ривал пред дербито

Непознати сторители влегле на стадионот на Ланс и го оштетите теренот полевајќи го со киселина и тоа само два дена пред дерби дуелот меѓу Ланс и Лил.

Инцидентот е пријавен во полиција само еден ден откако Ланс со 2:1 го совлада Арсенал во Лигата на шампионите.

Навивачите на Ланс, но и луѓето во клубот се сомневаат дека е масло на навивачите на Лил кои се големи ривали со тие на Ланс, а слично мислење имаат и локалните медиуми.

Во Ланс веднаш започнаа истрага заедно со полицијата со цел да бидат пронајдени виновниците за ова дело, а од клубот порачаа дека теренот ќе биде саниран за неделната дерби пресметка.

- Оглас -

Најнови вести