Грузискиот фудбалер од Наполи, Хвича Кварацхелија, кој сезонава игра во неверојатна форма и за многумина е најдобриот играч во италијанската Серија А во моментов, се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појави фотографија на негов „двојник“ како навива за Интер.
Фотографијата е направена на мечот Интер – Удинезе во Милано и се гледа како едно момче кое многу личи на Кварацхелија прославува гол на Нераѕурите.
Ова беше доволно за по социјалните мрежи да почне сликата да се споделува со наслов: „Квара навива за Интер!“.