Скандал во Израел: Навивачи свиреа за време на едноминутниот молк во чест на загинатите Израелци во нападите на Хамас (Видео)

Навивачите на Хапоел Тел Авив предизвикаа голем скандал во Израел пред почетокот кошаркарскиот меч против Хапоел Бер Шива, свирејќи и пеејќи за време на едноминутниот молк во чест на загинатите Израелци во нападите на Хамас.

Иако Израел е во војна со терористичката организација Хамас, во земјата се играат националните пренства и секој меч започнува со едноминутен молк во чест за загинатите, но тоа не го почитуваа навивачите на Хапоел Тел Авив и предизвикаа бурни реакции.

Според медиумите, нема официјално објаснување за потегот на навивачите, но тие шпекулираат дека нивната реакција е поради судирите со полицијата во изминатите години.

 

- Оглас -

Најнови вести