САД ги тресе голем скандал на еден месец по трагичната смрт на кошаркарската легенда Коби Брајант, ќерка му и уште седум луѓе, во пад на хеликоптер во околината на Лос Анџелес.
Според американските медиуми, првите полицајци кои пристигнале на лице место, приватно, со мобилни телефони го фотографирале телото на загинатиот кошаркар, а потоа откако го напуштиле местото на трагедијата, некои од почетниците тие слики им ги покажувал на колеги во станица, и на девојка во бар, во обид да ја импресионира и заведе. Барменот го слушнал тоа и бил иритиран, па се јавил кај шерифот Алекс Вилануева.
Локалната полиција се обидела да го заташка случајот. Веста дека има полицајци кои го сликале Коби и се фалеле, стигнала до повисоките инстанци во хиерархијата на полицијата, па пораката од „горе“ била да се избришат фотографиите, и нема да има казна.
Сега откако сето ова излезе во јавност, јасно е дека ќе се спроведе детална истрага.