Скандал во Мадрид: Кариерата на Мбапе висела на конец поради лекарска грешка

Неверојатен пропуст на лекарскиот тим задолжен за фудбалерите на Реал Мадрид можело да значи и крај на кариерата на Килијан Мбапе. Французинот подолг период имаше проблеми со коленото, но прегледите и снимките му биле правени на погрешната нога.

Затоа лекарите биле убедени дека сè е во ред со Мбапе и тој може да игра, па Французинот настапил на три меча со повредено колено, а тоа можело да го чини и крај на кариерата.

Откако сфатиле дека се работи за пропуст, веднаш биле направени промени во медицинскиот тим кој бил задолжен за лечењето на Мбапе, па се чини во последен момент било спасено коленото од потешка повреда и долга пауза поради можната операција.

Јавноста во Шпанија е во шок од ваквите информации и се прашуваат како може да се случи вакво нешто во клуб каков што е Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести