Скандал во најава: Меси добива милиони за промоција на Саудиска Арабија и затоа вчера Аргентина загуби

Додека целиот свет зборува за сензацијата на Светското првенство во Катар и победата на Саудиска Арабија над Аргентина со 2:1, на повидок е скандал кој може да ги засени случувањата на Мундијалот, а во главната улога е Лионел Меси.

Шпанскиот спортски весник „Ас“ тврди дека Аргентина намерно го загубила мечот со Саудиска Арабија.

„Шокантната победа нè тера да се запрашаме не само како Аргентина загуби од втората најевтина репрезентација на Светското првенство туку и како Саудијците ја прекинаа тригодишната серија на Лионел Меси и Гаучосите од 36 натпревари без пораз. Тимот кој е фаворит за освојување на титулата. Покрај сето тоа, се чини дека Меси е промотор на Саудиска Арабија. Веројатно најдобриот и најпознатиот фудбалер на светот во мај годинава потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија. Договорот конкретно зборува за државни инвестиции во туризмот, но не може да остане незабележано дека Саудиска Арабија сака да биде отрганизаторт на Светско првенство во 2030 година“, пишува „Ас“.

Весникот пишува и дека Меси добил пари за да го сочува имиџот на Саудиска Арабија, кој е нарушен откако саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман пред неколку години им нареди на припадниците на тајните служби да го убијат новинарот Џамал Кашоги. Тие во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул го мачеле, а потоа и го искасапиле телото на новинарот кој критички пишувал за кралското семејство.

„Меси потпиша договор со кој добива неверојатна сума пари за промоција и подобрување на имиџот на земјата со цел да се прикријат кршењата на човековите права, убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, кршењето на правата на жените, правата на ЛГБТ заедницата и правата на сите кои се против првиот човек на државата, Мохамед бин Салман“, пишува шпанскиот весник.

„Ас“ се сомнева во местенка бидејќи Меси со потпишаниот договор се согласил да ја промовира само Саудиска Арабија за домаќин на Светското првенство во 2030 година, а не неговата Аргентина, која исто така е кандидат за организација на Мундијалот истата година.

- Оглас -

Најнови вести