Голгетерот на Порто Муса Марега, своеволно го напушти теренот поради расистички навреди од страна на навивачите на Гимараиш. Скандалозните сцени се случија за време на дуелот меѓу Гимараиш и Порто, во кој гостинските фудбалери забележаа триумф од 2-1 токму со одлучувачкиот гол на Марега.
Репрезентативецот на Мали уште во 60-тата минута ги постави конечните 2-1, а по неколку минути одлучи сам да излезе неможејќи да ги трпи навредите. Фудбалерот на Порто набрзо по средбата се огласи преку својот „Твитер“ профил:
„Би сакал едно нешто да им порачам на идиотите кои доаѓаат на стадиони само за да шират расизам, еб*те се… И би сакал да се заблагодарам на судијата што ми додели само жолт картон бидејќи се бранев…“
https://twitter.com/marega91/status/1229141547641450499