Судиската организација на Премиер лигата покрена истрага против судијата Дејвид Кут откако се појави видеоснимка на која тој користи навредливи зборови за Ливерпул и за нивниот поранешен менаџер Јирген Клоп. Поради ова, Кут е суспендиран додека трае истрагата.
Кут, кој ја судеше саботната победа на Ливерпул против Астон вила со 2-0, е прикажан на снимката, за која се претпоставува дека е стара неколку години, како го нарекува тогашниот менаџер на Ливерпул „арогантен“. Дополнително, Ливерпул го нарекува со навредливи зборови.
Recorded footage of David Coote calling Liverpool “sh*t” and Jurgen Klopp a “c*nt”.
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) November 11, 2024
😳 pic.twitter.com/Kqc7SR8niW
Снимката е можеби направена по контроверзното реми меѓу Ливерпул и Барнли во 2020 година (1-1). Истрагата треба да утврди дали видеото е автентично или е можно да е креирано со помош на вештачка интелигенција, поради што ќе се анализираат сите факти.
Судиската организација потврди дека Кут е суспендиран и нема да суди натпревари додека истрагата не заврши. Ливерпул во моментов е на првото место на табелата во Премиер лигата, со пет бода пред Манчестер сити по 11 одиграни кола.