Голем скандал ја тресе Шпанија, откако голманката на клубот за хокеј со ролери, Сан Жорди десвалс, ги снимала соиграчките додека се тушираат, а потоа снимките ги објавувала во јавност.
33-годишната голманка веднаш е уапсена, откако нејзините соиграчки најпрво се пожалиле кај раководството на клубот, а потоа и интервенирала полицијата. Голманката е фатена како го поставува телефонот да снима додека останатите хокеарки се тушираат.
Јавноста во Шпанија е згрозена од овој настан и бара најстрога казна за голманката на клубот од Жирона.