Нов голем скандал ја тресе фудбалска Шпанија, откако медиумите на Пиринеите пренесуваат дека трансферот на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао во Барселона пропаднал поради претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Јасно е дека Барселона не му е најомилената екипа на Тебас, но претседателот на Ла Лига го направил незамисливото. „Каталонците“ беа подготвени да платат 58 милиони евра за Нико Вилијамс, но трансферот пропадна откако фудбалерот потпиша продолжување на договорот со екипата од Баскија.
Но, вечерта пред потпишувањето на договорот, Тебас одржал состанок со раководството на Атлетик, и според шпанските медиуми, им презентирал документи поврзани со финансиската состојба на Барселона, нешто што е строго забрането да го направи. Тебас го информирал раководството на Атлетик дека ќе биде речиси невозможно Барселона да го регистрира Нико Вилијамс за следната сезона.
Раководството на баскијците веднаш реагирало, ги препратило документите до менаџерите на Нико Вилијамс, а потоа фудбалерот потпиша нов договор со Атлетик до 2035 година.
| : Javier Tebas shared Barcelona’s confidential financial information with Athletic Club officials during a meeting held just days before Nico Williams’ renewal. The Basque club was given access to Barça’s interim financial statements and audit reports. After… pic.twitter.com/DOB1KknlmU
— BarçaTimes (@BarcaTimes) July 8, 2025