Фудбалерите на Црвена ѕвезда со минимални 0-1 победија на гостувањето кај Раднички од Крагуевац, на натпреварот кој се одигра на стадионот во Горни Милановац. Сепак, вистински скандал предизвикаа навивачите на двете екипи, Делии на Црвена ѕвезда и Ѓаволи на Раднички.
Во текот на натпреварот постојано се навредуваа и скандираа, но домашните навивачи со топовски удари ја нападнаа клупата на гостите, но и раководството кое се наоѓаше во свечената ложа.
Во последната минута од првото полувреме од топовски удар беше повреден фудбалерот на Црвена ѕвезда, Вања Дркушиќ, кој не можеше да го продолжи натпреварот.
Во свечената ложа повреда заработи директорот на белградските Црвено-бели, Митар Мркела, а од клубот објавија фотографија на социјалните мрежи.
Речиси сигурно и двете екипи ќе бидат казнети за однесувањето на своите навивачи, а на Раднички Крагуевац му се заканува и казна од играње пред празни трибини.