Скандал во Струмица, младите српски одбојкари одбија да играат против Косово

Одбојкарската репрезентација на Србија не се појави попладнево на терен за да одигра меч против Косово на зонскиот квалификациски турнир за Европското првенство 2024 за играчи родени 2007-ма и помлади, кој се одржа во Струмица.

Тоа требаше да биде меч за петто место (Македонија освои четврта позиција), а Србите одбија да играат. Тие се оправдувале дека имаат девет болни играчи, но Косовците не им веруваат и дека сметаат дека позадината е политичка. Косово го доби мечот со службени 3-0, но бараат и дополнителна санкција за Србите.

Претседател на Европската федерација, ЦЕВ, е Србинот Александар Боричиќ, па мали се шансите Србија да биде казнета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести