27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Скандал во Струмица: Словенечки одбојкарки одбиле да се ракуваат со израелските колешки

Женската одбојкарска репрезентација на Израел своите домашни натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство ги игра во салата „Парк“ во Струмица.

Израелките во средата очекувано загубија со 0-3 од Словенија, но овој меч се најде во центарот на вниманието на европската одбојкарска јавност откако завршил скандалозно.

На одбојкарските натпревари праксата е двете екипи да се ракуваат на мрежата по завршување на натпреварот, но одбојкарките од Словенија одбиле да го направат тоа. Случајот е забележан од делегатот на натпреварот, а сега се очекува реакцијата на Европската одбојкарска федерација, ЦЕВ.

Она што е интересно, Израел ќе одигра уште еден натпревар како домаќин во Струмица во сабота, кога ќе ја пречека селекцијата на Естонија.

- Оглас -

Најнови вести