39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Скандал во тенисот – местел играч во топ-30 во светот

Тенисот е еден од спортовите коишто имаат најмногу проблеми со местенките. Се работи за индивидуален спорт во кој од еден играч зависат сите работи. Еден од најновите скандали го обелодени заменик-јавниот обвинител во Белгија. Се работи за мрежа на ерменската мафија, која владее низ повеќе европски земји и мести тениски натпревари.

Тенисер со иницијални М.Х. е под истрага за наместени мечеви, а тоа го очекува и тенисер кој е во Топ 30 во светот. Се работи за тенисер кој освоил три титули сезонава, но очигледно дека со помалку пот и мака се обидел да стигне до повеќе пари.

Во скандалот со наместени мечеви биле вмешани над 135 тенисери од целиот свет, а најголемиот дел од нив доаѓаат од Белгија, Шпанија, Франција и САД.

„Се работи за ерменска мафија која масовно ја шири мрежата низ седум земји во Европа. Многу се паметни и местат и на највисоко ниво. Во целиот систем има луѓе кои се одогворни за сметките, луѓе кои ги перат парите и луѓе кои остваруваат контакт со тенисерите“, вели заменик-јавниот обвинител во Белгија.

 

- Оглас -

Најнови вести