Голем скандал се случи на мечот од Серија А помеѓу Удинезе и Милан. Натпреварот беше прекинат во 35-тата минута, откако домашните навивачи расистички го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањан, кој откако протестираше кај судијата, се одлучи да го напушти теренот.
Сепак, подоцна страстите се смирија и Мањан се врати на теренот, а натпреварот продолжи. Сосема извесно е дека екипата од Удине ќе заработи драконска казна и следните натпревари ќе ги игра пред празни трибини поради испадот на навивачите.