Гулфи Сигурдсон е далеку најпознатото и најголемото фудбалско име во Исланд во последниве години.
Но, актуелниот играч на Евертон е обвинет за педофилија и се бори да ја докаже невиноста, во спротивно ќе мора да лежи затворска казна од најмалку три години.
Тој летово беше приведен во својот дом во Ливерпул, а иако полицијата не соопшти никакви информации, веднаш стана јасно дека се работи за него.
Неговата жена, Александра Ивасдотир поднесе документи за развод и се врати во родната земја.
Но, неиграњето на Сигурдсон за Исланд остави голема трага. Тој беше „мозокот“ во национланиот тим и практично секоја акција одеше преку него.
Тоа се гледа по резултатите и играта на Исланд кој е непрепознатлив по неговото отсуство.
Сигурдсон ги предводеше „рибарите“ на ЕП во 2016, по што направи трансфер од Свонси во Евертон вреден 50 милиони евра.
Но, очигледно е дека скандалот со педофилија ќе остави траен белег во неговата кариера.