15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Скандалозна одлука – Руските и белоруските параолимпијци добија забрана за настап во Пекинг

Зимските параолимписки игри во Пекинг се на програмата од 4 до 13 март, а тие ќе се одржат без руските и белоруските натпреварувачи.

Ваква одлука донесе Интернационалниот параолимписки комитет, којшто на ден пред почетокот ја промени својата одлука, откако претходно им дозволи да се натпреваруваат, но без обележјата на своите татковини.

„Ние сме сигурни дека спортот и политиката не смеат да се мешаат, но свесни сме дека атмосферата во параолимпиското село ќе биде навистина лоша доколку ги оставевме да се натпреваруваат и којзнае што ќе се случеше“, изјави Ендру Парсон, претседателот на Интернационалниот параолимписки комитет.

Ваквата одлука дојде по реакцијата на украинските параолимпијци, коишто го критикуваа ИПК велејќи дека ги заштитуваат интересите на Русија и Белорусија.

Сепак, голем број натпреварувачи не ја поддржуваат ваквата одлука и сметаат дека треба да им се дозволи на спортистите да настапат без никакви обележја бидејќи оваа одлука е спротивна на параолимпизмот.

Зборнајата на овие игри требаше да настапи со 71 натпреварувач, додека Белорусија имаше 13 адути.

- Оглас -

Најнови вести