Скандалозна прослава на гол во Израел, фудбалер салутираше кон навивачите (Видео)

Голем скандал се случи на натпреварот од првенството на Израел помеѓу Хапоел Бер Шева и Хапоел Ерусалим. Фудбалерот од Полска, Патрик Климала, кој настапува за домашната екипа, го прослави погодокот за 2-0 пред трибината на навивачите, но со исправена рака кон нив. Многумина тоа го протолкуваа како нацистички поздрав, што би претставувало голем меѓународен скандал.

Сепак, фудбалерот од Полска ги отфрла овие обвинувања и вели:

„Јас сум Полјак кој ја почитува историјата на својата земја и никогаш ниту сум помислил да отпоздравам со нацистички поздрав. Не сум луд за да го правам тоа. Кога живеев во Полска, го посетив логорот Аушвиц. Јас сум одгледан во потполност да ја почитувам историјата, верата, нацијата на секоја земја, како и еврејската историја и наследство. По голот само сакав да ги поздрав нашите навивачи. Жал ми е ако некој ова го сфати погрешно.”

 

- Оглас -

Најнови вести