12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Скандалозни сцени од Африка: Бизарен гол од 40 метри, па судиска одлука која може да значи неодење на СП 2026

Зелено’ртските Острови ја пропуштија својата прва шанса да обезбедат место на завршицата на Светското првенство, откако одиграа 3:3 на гости против Либија, во дуел од африканските квалификации за Мундијалот.

Натпреварот го обележа комичен втор гол на гостите, но и катастрофалната грешка на помошникот судија и тоа во последните момент од мечот, што на крајот може да значи Зелено’ртските Острови да не се пласира на Мундијалот.

Шоуто на голови започна уште во првата минута кога гостите си постигнаа автогол. Либерија водеше со 3:1 во 58 минута, но во последните 15-тина минути Зелено’ртските Острови не само што стигнаа до реми, туку може да жалат што не направија целосен пресврт.

Во 76 минута гостинскиот играч Кабрал се обиде со топка од далечина да проигра некој од напаѓачите, но таму немаше никој. Се очекуваше голманот на домаќините да лесно да ја прифати топката, но таа му помина низ нозе и заврши во мрежата.

Само шест минути подоцна гостите израмнија и на 3:3. Се играше 90+6 минута кога Зелено’ртските Острови направи брз контра напад, гостите постигнаа и четврти гол, кој ќе значеше и победа за нив и пласман на СП 2026.

Сепак, помошникот судија процени дека имало офсајд позиција, иако забавената снимка покажа дека ситуацијата била регуларна и неправедно е поништен погодокот за гостите, кои можеа да победат со 4:3.

Во пресрет на последното коло, Зеленортски острови се на првото место со 20 бодови, пред Камерун кој е втор со 18 бодови. Либија која е трета со 15 бодови остана без шанси за место на СП 2026. На табелата потоа следуваат Ангола со 11 бодови, Маурисиус со 5 и Есванити без бодови.

- Оглас -

Најнови вести