27.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Скандалозно го предаде мечот и тоа на само еден поен до крајот (Видео)

Францускиот тенисер Уго Гастон направи неверојатен потег на АТП челинџер турнирот во Верона. На дуелот против Марк Трунгелити, Французинот реши да го предаде мечот и тоа на само еден поен пред крајот.

Резултатот беше 1:1 во сетови, а во решавачкиот трет сет, аргентинскиот тенисер имаше предност од 5:2 и 40:0 што значи дека на располагање имаше три меч топки. Во тој момент, Гастон кој требаше да сервира, едноставно го остави топчето и дојде до мрежата да му подаде рака на противникот.

https://twitter.com/i/status/1683975674028064769

Навивачите со воодушевување ја дочекаа победата на Трунгелити, но веднаш потоа се отвори сомнеж дека нешто не е во ред, па од АТП најавија дека ќе отворат случај за овој дуел. Уго Гастон моментално е на 92 место на АТП листата, а овој негов необјаснлив потег ќе биде разгледан дали има некоја позадина тоа што реши да го предаде дуелот.

- Оглас -

Најнови вести