СКАНДАЛОЗНО: Гостиварци уште пред мечот најавиле дека ќе го напуштат теренот (Фото)

Дуелот меѓу Гостивар и Работнички не го дочека крајот откако во 85 минута фудбалерите на домашната екипа го напуштија теренот. Една минута претходно, Работнички постигна гол за водство од 2:1.

Фудбалерите на Гостивар се подготвуваа да тргнат од центарот, но наместо играта да продолжи, се случи тоа што никој не го очекуваше. Играчите на домашниот тим добија инструкции дека треба да го прекинат мечот и да го напуштат теренот.

Многумина се чудеа зошто мечот е прекинат, посебно затоа што немаше никакви посебни тензии во текот на сите 85 минути. Тоа што може да даде некаков одговор е записникот од овој меч, посебно во делот каде што судиите имаат своја забелешка.

„Натпревар организиран по Правила и пропозиции на ФФМ. Домашната екипа во 85 минута по инструкции на управата, капитенот на домашната екипа заедно со стручниот штаб ја повлече екипата во соблекувалната. По 15 минути чекање судиската четворка и делегатот го напуштија теренот. Дополнително сакаме да наведеме дека по самото пристигнување на стадионот пред натпреварот, од страна на лице кое носеше акредитација добивме известување дека доколку загубеле натпреварот, ќе го напуштеле теренот“, стои во записникот на мечот Гостивар – Работнички.

- Оглас -

Најнови вести