3.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Скандалозно и срамно: И во НБА се „местат“ натпревари (Видео)

Јута Џез загуби на гостувањето кај Орландо со 120:117 во меч на кој гостите водеа во поголем дел. Според многумина ова е скандалозен пораз на Џезерите. Гостите водеа со 94:80 пред крајот на третата четвртина, но на крајот загубија.

Еден од клучните потези за поразот е одлуката на тренерот на гостите Вил Харди во последната четвртина во игра да не ги внесе најдобрите стрелци, Фин Лаури Марканен (27 поени) и Џарен Џексон (22 поени). Овие двајца, заедно со Јусуф Нуркиќ, центарот на Џез, гледаа од клупата како Орландо ја „топи“ предноста на Јута.

Дека Јута едноставно „сакаше“ да загуби на овој меч се потврди и по фактот дека при резултат 120:117 тренерот на Јута не ни сакаше да побара тајм-аут и да направи договор за акција по која можеше да стигне до нерешено. Во една конфузна последна акција, Исаија Колер од неизградена ситуација шутираше за тројка и промаши.

Многумина се чудеа зошто Јута го направи ова? Причината е очигледна – да учествуваат во лотаријата на драфтот и да имаат поголема шанса да добијат поголема шанса да бираат први на драфтот.

Во моментов, Џез имаат скор од 16 победи и 37 порази, па само Њу Орлеанс (14-40) и Сакраменто Кингс (14-42) имаат полоши резултати во Западната конференција, и очигледно е дека немаат намера да го подобрат својот резултат, туку напротив – ќе го „изгубат секој натпревар што можат да изгубат“, што беше очигледно и против Орландо.

Главните играчи на Јута кои дремеа на клупата за резерви, во последните секунди кога се „решаваше“ мечот, се смееја.

Ваквите ситуации не се ништо ново во НБА, каде што „танкирањето“ (поблаг термин за наместени натпревари и намерни порази) одамна е вообичаена појава и во некои сезони го прави бесмислено навивањето за одредени тимови кои намерно губат.

НБА досега не реагираше драстично на ваквите ситуации, колку и да изгледаат срамно.

- Оглас -

Најнови вести