12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Скандалозно интервју: Ѓулер е жртва на мобинг, Меси има ментални проблеми

Фудбалскиот ментор на Арда Ѓулер и негов поранешен агент, Серхат Пекмезџи, упати обвинувања против Реал Мадрид во интервју за турските медиуми, тврдејќи дека младиот турски фудбалер е малтретиран од неговите соиграчи.

Пекмезџи, човекот одговорен за развојот на Ѓулер во Фенербахче, додаде дека очекувал ова да се случи.

„Иако Реал Мадрид е мегаклуб, Арда Ѓулер страда од мобинг. Тој не ми се пожали, но знаеше дека тоа ќе се случи. Му реков да биде трпелив. Злоупотребата доаѓаше од играчите. Таму има група која не можеше да го прифати Арда. За жал, тие се играчи со многу високо его. Тој е многу трпелив, но веќе почна да се бунтува“, рече тренерот кој работеше со Ѓулер во неговите рани години.

Пекмезџи тврди дека токсичноста на соблекувалната на Реал Мадрид го спречила потпишувањето на договорот со Јирген Клоп и го забрзала заминувањето на Чаби Алонсо.

„Клоп веќе рече дека некои играчи треба да заминат за да пристигне тој. Затоа и Чаби Алонсо си замина“, смета Пекмезџи, кој во своето интервју тврди и дека Фенербахче е поголем клуб од Реал Мадрид, а го навреди и Лионел Меси, кој не се пресели во Галатасарај иако имало преговори.

„Имаме доволно информации за да напишеме книга за сезоната 2026. Лик по име (Џон) Дуран дојде во турската лига. Неговото доаѓање предизвика големо изненадување, се чинеше дека и Лео Меси доаѓа. Но, се покажа дека овој човек има сериозни ментални проблеми“, рече тој.

Во турските медиуми имаше шпекулации дека Меси, меѓу другото, од Галатасарај барал да игра само на домашните натпревари во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести