Скандинавците даваат посебен шарм на Квотите на ден

Денешните пет предлози во Квотите на ден се интересни, покрај мегаспресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, се наоѓаат четири натпревари од Финска и Шведска, кои ако ги одиграте заедно во некоја од обложувалниците на Sport Life ќе добиете вкупен коефициент од 71.72.

Првите два меча се од финскиот шампионат и имаат најголеми квоти. Хонка ја пречекува Хака и тука се очекуваат голови од домаќинот. Квота од 2.70 се добива ако одиграте дека Хонка ќе постигне најмалку еден гол во првото полувреме, а најмалку два на целиот меч.

Квотата за вториот дуел од финското првенство изнесува 2.50 и се однесува за мечот меѓу Оулу и КуПС. Тука предлогот е да се одигра на победа на гостите и да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме.

Следните два натпревари се од шведската лига. Во првиот меч се среќаваат Хамарби и Мјалби и тука се очекува домаќинот да не загуби, а притоа двата тима да постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.30.

На вториот меч од шведскиот шампионат меѓу Варнамо и Варбергс се очекуваат голови и тука квотата е најмала. За играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесуба 2.10.

Квотите на ден не можат да поминат без мегапресметката од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека двата тима ќе дадат барем по еден гол на натпреварот и ќе има постигнато барем по еден гол во двете полувремиња. Квотата за оваа игра изнесува 2.20.

- Оглас -

Најнови вести