Скандинавскиот фудбал доминира во денешната Супер тип-понуда на Sport Life. Повеќето парови од вкупно 16 кои се во понудата, се фудбалски мечеви од норвешката, шведската и данската лига, а се наоѓа и по некој тенис и кошарка.
Како зголемени квоти кои делуваат сигурно и треба да се искористат, е „кецот“ на Оденсе од 1.73. Малме треба да ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Оребро при квота 1.55.
Во АБА лигата се води интересна битка за титулата, а Будуќност во четвртиот меч ќе се обиде да изнуди мајсторка против Црвена ѕвезда, па доколку победат Црногорците, добитна ќе биде квотата од 1.80.