Мауро Икарди веќе ги договорил личните услови со Галатасарај и сака да игра за турскиот гигант, но сега останува само дозвола од Пари Сен Жермен за позајмица на Аргентинецот.
Објавено е дека двата клуба заедно би му ја плаќале платата на Икарди, но не можат да се договорат за процентите.
Парижаните бараат поделбата да биде еднаква, односно 50:50, а Галатасарај има поинаков план и бара ПСЖ да му дава 60 отсто од платата на Мауро, а тие да дополнат со 40 проценти.
Ценкањето е во тек, а Икарди го чека исходот и очекува преговорите да завршат успешно и тој да се пресели во Истанбул.