Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ се сретнаа во Ријад, каде што српскиот тенисер играше на турнирот „Шесте кралеви“, а прво беа фотографирани од папараци во едно поголемо друштво на тереса на хотел.
Заедничко за нив е што се славни, успешни и кариерите им траат многу долго, премногу внимаваат на начинот на живот и на врвот се повеќе од 15 години. Тие заедно со Леброн Џејмс и Том Брејди се спортисти кои ги поместуваат границите и во форма се во години кога многумина нивни врсници веќе се во пензија.
Ѓоковиќ, кој има 38 години и уште е меѓу најдобрите, на Роналдо му подари рекет и порака „За Крис КР7, Сиуууу“, а 40-годишниот Португалец, кој има шанса да стане првиот фудбалер со 1.000 гола во кариерата, на Новак му даде дрес со посвета и автограм.
Од Новак има подарок и за тениски клуб во Лисабон.