Скапи стопери и евтини грешки на Де Лихт и на Стоунс (Видео)

Двајцата мошне скапи стопери на Холандија и на Англија, Матијс Де Лихт и Џон Стоунс направија евтини грешки во полуфиналето од Лигата на Нации, по кои паднаа два од трите гола досега.

Де Лихт кој е еден од најголемите таленти на светот и е проценет на околу 100 милиони евра, направи кардинална грешка во 32. минута, лошо ја контролираше топката, па потоа направи пенал, кој Рашфорд го реализира за предност на Англија.

https://www.youtube.com/watch?v=aqiPvwz4vHY

Холанѓанецот се извади со израмнувачки гол во 73. минута, а потоа во првото продолжение од 15 минути со голем кикс се посрамоти Стоунс. Стоперот што Манчестер сити го купи од Евертон за 50 милиони евра, се обиде да прикаже техника, ја загуби топката, а потоа во истата акција Англија прими гол и има негатива од 1:2 пред стартот на второто продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=uGaEIOYuHYY

- Оглас -

Најнови вести