Скарани ли се Украинците? Забарњи вели дека немало конфликт меѓу Јармоленко и Марлос

Скарани ли се Украинците пред вториот меч на ЕП против Македонија на 17 јуни во Букурешт, беше прашањето на новинарите на прес-конференцијата по пристигнувањето на нивната репрезентација во главниот град на Романија.

Украинските медиуми објавија дека имало кавга меѓу Јармоленко и Марлос во соблекувалната по поразот од Холандија во Амстердам со 2:3.

„Не знам кој го измисли тој случај. Немаше никаква расправија во нашата соблекувална. Се е во ред и атмосферата е одлична пред дуелот со Македонија. Секако ќе беше уште подобра ако не примевме гол во финишот против Холандија“, одговори Илја Забарњи.

Украинците веќе се во Букурешт и се подготвуваат за клучниот меч и за нив и за нас во второто коло од Ц групата на Европското првенство.

Поразената селекција ќе има само теоретски шанси за пласман во вториот круг, па се очекува голема битка на Националната арена во Букурешт во четврток, на меч што ќе почне од 15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести