Милионариос со 2:0 славеше над Санта Фе во меч од првенството на Колумбија, а покрај двата гола што ги постигнаа домаќините, во фокусот на мечот беше потегот што го направи домашниот тинејџер Нејсер Вилјареал.
Талентираниот 19-годишен Вилјареал беше асистент за вториот погодок, а откако домаќинот имаше комотна предност од 2:0, младиот фудбалер направи потег кој предизвика различни реакции.
Во еден напад, Вилјареал направи финта со тоа што застана на топката. Ова предизвика воодушевување кај домашните навивачи, но и гнев кај гостинските фудбалери.
Судијата веднаш реагираше и му додели жолт картон на домашниот играч, додека дел од гостинските фудбалери сакаа дури и да го тепаат тинејџерот затоа што со таа финта ги омаловажил.
Додека играчите на Санта Фе го бркаа Вилјареал, домашните играчи го бранеа младиот соиграч. Инаку Вилјареал е еден од најталентираните играчи. На овој меч го следеа скаути од Челзи, а за него се интересираат и други европски клубови.
Тинејџерот сезонава има 13 настапи за Милионариос, во кои забележа две асистенции. Тој е член и на У20 селекцијата на Колумбија, каде што доминира со 10 погодоци во 14 средби.
‼️😳 Neyser Villarreal SE PARÓ EN EL BALÓN e inmediatamente el árbitro se sacó amarilla.
❌ Los jugadores de Santa Fe fueron a pelearle al jugador.
— Toque Sports (@ToqueSports) March 27, 2025