Претставници од скаутската служба на фудбалскиот великан Милан се наоѓаат во Скопје.
Тие во моментов го следат мечот меѓу младите репрезентации на Македонија и Франција, каде што по првото полувреме е 0:0.
Во нивниот фокус е 17-годишниот дефанзивец на триколорите Мохамед Али Чо, кој во моментов се наоѓа на клупата за резервни играчи.
Со оглед на моменталниот резултат, мала е веројатноста дека Чо ќе добие шанса на теренот.
Тој, е под договор со екипата на Анже, каде што игра редовно на натпреварите од најсилната француска лига.