Скијањето не памти вакво нешто: Падна и „на глава“ влезе во целта со најдобро време (Видео)

По пауза од 12 години, во австрискиот Шладминг синоќа се одржа велеслаломска трка на рефлектори, а покрај фантастичното скијање на најдобрите, гледачите беа сведоци и на една неверојатна ситуација.

Италијанскиот скијач Ханес Зингерле беше на 26-тото место по првото возење, а во втората трка реши да биде многу поагресивен. Италијанскиот скијач беше одличен, но буквално во финишот на трката удри во една капија и ја загуби рамнотежата, па низ целта влезе со пад.

Судиите ја проценија оваа необична ситуација и потврдија дека немаше ништо неправилно, па официјалниот спикер потврди дека Зингерле има најдобро време во тој момент. Италијанецот кој при првото возење беше на 26-тото место, токму со одличното возење во вториот дел успеа да надоплни повеќе од 10 места и на крајот заврши на 14-тата позиција.

https://twitter.com/i/status/1618338530840698880

 

- Оглас -

Најнови вести