Скитниците конечно се „прибраа“ и победија по повеќе од половина година (Видео)

Сантјаго Вондерерс конечно успеа да победи некого по повеќе од шест месеци пауза, а им успеа на гостувањето кај Унион Ла Калера, во меч од чилеанското првенство.

Ппуларните Скитници од Сантјаго имаа црна серија од 22 меча без триумф во сите натпреварувања и само 17 ако се сметаат натпреварите од домашното првенство.

Јунакот е 19-годишниот дефанзивец Даниел Гонзалес, кој погоди во осматта минута и гостите издржаа до крај, победија со 1:0 и ги прекинаа двете многу незгодни серии без триумф.

Последната победа пред оваа со Унион Ла Калера им беше во февруари годинава, против Курико Унидо со 3:1 исто така на гостински терен.

Сепак, победата им е Пирова бидејќи имаат само пет бода по 18 кола во Првата лига на Чиле и сигурно ќе испаднат.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести