Најдобриот атлетичар во скок со стап, Арманд Дуплантис од Шведска, постави нов светски рекорд. На митингот во сала во белградската „Арена“, Дуплантис во третиот обид успеа да прескокне 6 метри и 19 сантиметри.
Со овој скок, Швеѓанецот го подобри светскиот рекорд, кој исто така беше во негова сопственост. Дуплантис има само 22 години и е актуелен олимписки првак, а овој светски рекорд е одлична увертира за Светското првенство кое од 18 до 20 март ќе биде токму во Белград.