17.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Скокна и даде гол, но на доскокот ја скрши ногата (Видео)

Тешката повреда на ракометниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Никола Јеремиќ остана во фокусот на дуелот од тамошното првенство меѓу Искра и Грачаница. Гостите победија со 29:26, но немаа многу причини за славје, затоа што Јеремиќ ја скрши ногата.

Се играше почетокот на второто полувреме, Искра водеше со 15:13, кога во напад беа гостите, а Јеремиќ од неговата позиција десен бек се одрази, шутираше и погоди. Сепак, при доскокот, ракометарот лошо згазна и падна на паркетот, жалејќи се на повреда.

Веднаш реагираа играчите на двата тима да дојде лекарскиот тим, а ракометарот беше пренесен во болница, каде потврдиле дека се работи за скршеница на ногата.

- Оглас -

Најнови вести