Аргентина ја совлада Нигерија со 94:81 за втора победа во групите и пласман во следната фаза од Мундобаскетот. Гаучосите беа предводени од ветеранот Луис Скола, кој запиша двоен учинок од 23 поени и 10 скока, а своето име засекогаш го врежа во историјата на светската кошарка.
Скола стана втор најдобар стрелец на сите времиња на Мундобаскетот, надминувајќи ги 594 поени на Австралиецот Ендру Гејз, а пред него сега е само легендарниот Бразилец Оскар Шмит со 906 поени на Светските кошаркарски првенства.
Поранешната НБА-ѕвезда постигна 16 од вкупните 23 поени уште во првото полувреме, учинок кој ја трасираше Аргентина до пласманот во втората фаза.
Останати резултати на Мундобаскетот, второ коло:
Венецуела – Брегот на Слоновата Коска 87:71
Тунис – Иран 79:67