Сколари им донесе титула, по два порази го избркаа

Палмеирас претрпе два незгодни порази по ред што го чинеа отказ легендарниот тренер Фелипе Луис Сколари. Без негово присуство, челниците на актуелниот бразилски првак го сменија тренерот, а причина се двата тешки порази во низа.

Гремио со триумф од 2:1 на гостински терен го елиминира Палмеирас во четврт-финалето на Копа Либертадорес, иако популарните Вердао имаа одлични 1:0 по првиот меч. Потоа стигна и дебаклот од Фламенго со 3:0 на „Маракана“, што доведе до разделба.

Сколари подоцна бил информиран дека веќе не е тренер, а тој лани им ја донесе десеттата титула во првенството, што е рекорд во Бразил и го прави Палмеирас најтрофеен клуб.

Главен кандидат да го замени Сколари е Мано Менезес, тренерот што си замина од Крузеиро минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести