Сколс: Катастрофа, мислев дека Јунајтед ќе победи со 4-0 или 5-0!

Манчестер јунајтед и Севилја одиграа 2-2 на „Олд Трафорд“, па патникот во полуфиналето на Лига Европа ќе се решава на реваншот на југот на Шпанија, а англискиот тим испушти убава шанса да извојува убедлива победа.

Јунајтед водеше со 2-0, но во последните шест минути си дадоа два автоголови, и го шокираа легендарниот Пол Сколс кој сега работи како аналитичар.

„Тренер не смее да дозволи еден тим во четвртфинале во Европа да се задоволи со 2-0 и да го намали темпото во второто полувреме. Такво нешто не се случуваше во времето на Алекс Фергусон. Требаше да се заклучи мечот и да биде 3-0, 4-0 или 5-0. Веројатно на 2-0 по првото полувреме мислеа дека е прелесно, како прошетка во парк. Не може тоа да се прави против Севилја која знаеме што има направено во Лига Европа“ – критикуваше Сколс.

- Оглас -

Најнови вести