Сколс ќе го менаџира клубот којшто го поседува заедно со членови од златната генерација на Ферги

Пол Сколс, легендата на Манчестер јунајтед, е именуван за нов менаџер на англискиот четвртолигаш Салфорд сити. Сколс поседува акции на овој клуб заедно со членовите на класата 92 на Црвените ѓаволи, тоа се Дејвид Бекам, браќата Гери и Фил Невил, Рајанг Гигс и Ники Бат.

Некогашниот англиски репрезентативец и пред пет години раководеше со екипата на Салфорд, но кратко се задржа на клупата. Минатата година имаше кратка авантура во Олдхам, каде што се задржа само еден месец и доби отказ само по седум натпревари во кои забележа само една победа.

Сега Сколс повторно ќе се обиде да ја оживее тренерската кариера, откако раководството на Салфорд ја прекина соработката со досегашниот менаџер Греам Александер. Сколс ќе дебитира на клупата во претстојниот викенд, кога Салфорд гостува кај Порт Вејл во рамките од шестото коло во Лига 2.

- Оглас -

Најнови вести