Сколс: Не ми е јасно како Јунајтед го одбра Рангник за менаџер

Една од најголемите легенди во поновата историја на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, по елиминацијата од Атлетико Мадрид, фрли отровни стрели врз тренерот Ралф Рангник.

„Атлетико оди понатаму затоа што има подобар тренер. Ако Симеоне го водеше Манчестер јунајтед, ќе се пласиравме понатаму. Не ми е јасно како Рангник е избран за менаџер на клубот, навистина не знам. Многу е важно да се има добар тренер, тимот има квалитетни фудбалери. Прва работа која треба да ја направи клубот ако сака да се бори за трофеи е да донесе добар тренер“, изјави огорчениот Сколс.

- Оглас -

Најнови вести