Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, изјави дека актуелниот менаџер на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, нема да ја води екипата и следната сезона.
Вчера Манчестер јунајтед загуби со 3:1 од Манчестер сити во градското дерби и остана на шестото место на табелата со 44 бода, дури 11 помалку од четвртата Астон вила, која е на позиција која носи во ЛШ следната сезона.
„Тоа што го гледаме е милион милји од тимот кој треба да биде конкурент за титулата. Секоја сезона е така. Мислам дека ИНЕОС си го кажа своето и мислам дека Тен Хаг нема да биде тука следната сезона. Од интервјуто кое го даде Ретклиф видов негативност кон тоа што се правеше последните 10,11 години во клубот, а посебно во последните две. Мислам дека не е среќен со тоа што се случува во клубот. Не би бил изненаден доколку веќе го бараат новиот тренер. Не велам дека тоа е вистинска одлука“, изјави Сколс за англиските медиуми.