Ждрепката одреди во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија за мажи паровите да бидат ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер и Алкалоид – Вардар 1961.
Фајналфорот ќе се игра на неутрален терен во Струмица. Полуфиналињата се на 17, а финалето на 19 април.
Струмица првпат е домаќин на Ф4 турнирот во Купот на Македонија. Актуелен победник е Вардар, кој лани во финалето одиграно во Охрид го порази Е. Пелистер. Пелистерци имаат серија од пет финалиња по ред, но не добија ниту едно, битолчани повеќе од 20 години не го освоиле Купот.

