Скопје и Брегалница се вратија на старите навики со нов меч без голови

Скопје и Брегалница одиграа нов меѓусебен меч без голови, денеска на „Автокоманда“ во меч од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ремито без погодоци не им одговара на двете екипи, па Скопје остана на последното место на табелата со четири бода од 7 меча, а Брегалница има 11 на ист број на одиграни натпревари.

Ова е четврто реми со резултат 0:0 на последните шест межусебни дуели на двата тима, сметајќи и еден пријателски натпревар.

Скопје и по денешниот меч остана најнеефикасната екипа во новата сезона во ПМФЛ со само два погодоци, а Брегланица со четири примени гола ја има вторта најцврста одбрана во нашата лига, зад лидерот Струга со само два примени погодоци.

- Оглас -

Најнови вести