16.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Скопје промоши водство од 2:0 и освои само бод во дуелот со Шкендија Арачиново

Седум натпревари се одиграа денеска во рамките од третото коло во Втора фудбалска лига на Македонија. Најинтересно беше на Автокоманда каде Скопје и Шкендија Арачиново одиграа без победник 2:2.

Домаќините може да жалат што не ги освоија трите бодови затоа што имаа водство од 2:0, но гостите од Арачиново не се предадоа. Најпрво намалија на 2:1, а со голот во 90+1 минута стигнаа до реми и освоија голем бод.

Најефикасна беше Беласица која немаше милост на гости кај Горно Коњари и славеше со неверојатни 1:7. Детонит на свој терен ја победи Слога Виница и тоа минимално со 1:0, доволно за три бода.

Изненадувачки, Преспа со 5:0 ја декласира Победа Прилеп, клуб кој некогаш беше гордост во мак-фудбалот.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО: Скопје – Шкендија A. 2:2, Охрид – Осогово 2:0, Преспа – Победа 5:0, Новаци – Вардар (Н) 3:2, Саса – Кожуф 1:3, Г.Коњари – Беласица 1:7, Детонит – Слога (В) 1:0. В понеделник ќе играат Брегалница – Тетекс (16 часот)

- Оглас -

Најнови вести