Скопски Кометал, европски првак: Македонија грмеше на овој ден пред 18 години (видео)

Tочно пред 18 години, Кометал Ѓорче Петров стана европски првак во женска конкуренција, успех кој и до ден денес е најголем во женскиот ракомет во нашата земја. Кометалки во реваншот кој се играше во преполната сала „Кале“ го совладаа тимот на Херц Ференцварош со 26-22, четирите гола разлика беа и повеќе од доволни за славење, со оглед на тоа дека мечот во Унгарија претходно заврши со 27-25 во корист на Херц.

За првпат во историјата македонска екипа се искачи на европскиот врв освојувајќи го најелитното меѓународно натпреварување, Лигата на шампионите, а тимот на Александар Панов го сочинуваа: Кастратовиќ, Кисељова, Малахова, Бујанова, Платон, Велкова, Златановска, Дину, Будимир, Калиниченко, Нацева, Плошчинска, Чупиќ, Андрушенко.

- Оглас -

Најнови вести