Скопско дерби со израмнети квоти, на пет меча фаворити се домашните екипи (Фото)

Градската дерби пресметка помеѓу Вардар и Шкупи привлекува најголемо внимание од шестте натпревари од 14-тото коло на Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи се далеку од амбиции и сјајот од минатото, но без разлика на пласманот, натпреварите на овие две екипи секогаш привлекуваат големо внимание.

Вардар е последен на табелата со осум бода, додека Шкупи е шестти со 16, но далеку од врвот на табелата во Првата лига. Според квотите во мала предност се гостите од Чаир со квота за победа од 2.35, додека „црвено-црните“ имаат квота од 2.65. Во меѓусебните дуели, Шкупи има пет победи по ред против Вардар, додека најтрофејниот македонски клуб последен пат се радувал на победата против денешниот противник во 2020-тата година.

Интересно ќе биде и во Струга, каде актуелниот шампион на Македонија го пречекува лидерот Работнички. Стружани се фаворити со квота од 1.75, а иста квота има и екипата на Тиквеш за победа над Беса. На останатите натпревари големи фаворити се екипите на Гостивар, Силекс и Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести