19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Скоти Пипен со свое мислење како Јокиќ и Дончиќ би се снашле во НБА-лигата од 90-тите години

Скоти Пипен е легендарно крило од златниот период на Чикаго булс и член на оригиналниот Дрим тим на САД од 1992 година. Запрашан да направи споредба на НБА-лигата од негово време и тоа што сега се игра во најсилната кошаркарска лига, Пипен беше дециден: „Мислам дека е невозможно да се направи споредба. Денеска ова е сосема поинаква игра. Се промени начинот на којшто се промовира, начинот на којшто се суди, а и играчите сега се поинакви, поголеми се, посилни се, побрзи се“.

Според Пипен, денешната одбрана е многу понежна од таа во негово време.

„Сега веќе не е дозволено да има груби фаули како порано што можеше. Екипите тогаш играа со друг менталитет. Во последните 15-20 години се променија правилата за да се зголеми бројот на постигнати поени. Тоа е добро за играта, но сега сè се темели само на шутот“, анализира Пипен.

Запрашан за тоа како во негово време би се снашле Никола Јокиќ и Лука Дончиќ кои сега доминираат на НБА терените, Пипен имаше одговор.

„Во 80-тите и во 90-тите правевме притисок на целиот терен. Не знам дали Јокиќ би можел да ја води топката под таков притисок“, рече Пипен, додавајќи дека не е сигурен дали Дончиќ би можел повторно да игра финале во НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести