Скромен ќе биде тенискиот турнир на ЛОИ во Токио, се откажа и најконтроверзниот тенисер на денешницата

Серијата откажувања на врвните тенисери за Летните олимписки игри продолжува, а последен во низата е Ник Кирјос. Најконтроверзниот тенисер на денешницата се повреди на Вимблдон и тоа е главната причина за отказот на Австралиецот.

Кирјос требаше да биде најсилниот адут на Австралија на Игрите во Токио, заедно со Ешли Барти, но се откажа и пак приреди шоу со интересна изјава.

„Повреден сум и не сакам да му земам место на некој тенисер што е фит, а и не ми се игра на турнир без публика“, рече Кирјос, објаснувајќи ја причината за откажувањето.

Пред него и Рафаел Надал, Доминик Тим и Денис Шаповалов објавија дека нема да играат на олимпискиот турнир на Игрите во Токио што ќе се одржат без присуство на публика од 23 јули до 8 август.

 

- Оглас -

Најнови вести