Скромно беше берлинското дерби, без публика и без победник

Унион Берлин и Херта одиграа нерешено 1:1 во големото берлинско дерби на „Форстереј“ што се одигра без публика поради пандемијата со корона-вирусот.

Домаќините поведоа со голот на Роберт Андрич во десеттата минута и најавија победа за пробив кон позициите што водат во Европа, но радоста им ја скрати Доди Лукебакио.

Белгискиот интернационалец беше сигурен изведувач на пеналот во 35-тата минута за израмнување на 1:1, што беше и конечен резултат.

Претходно Штутгарт го победи Вердер со 1:0 со автголот на Аугустинсон во 81-вата минута.

Штутгарт, за кој од 78-мата минута играше и нашиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов, ова беше 750-та победа во Бундеслигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести